-->
-->
Милески: Тужба за дополнителниот заменик-министер Николовски ако нема докази
-->

Преседателот на Сојузот на тутунските здруженија Данчо Милески ги отфрли како невистинити обвинувањата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски за наводна злоупотреба и проневерување пари од Платежната агенција.
Милески побара дополнителниот заменик-министер да изнесе докази. Во спротивно, како што најави, ќе поднесе тужба за клевета.
- Јас не сум лидер, туку претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија. Во моето ангажирање секогаш имало оттчет и немало прашања без одговор. Во спомнатите 100 милиони евра субвенции, јас, како претседател, немам земено ниту денар. Го повикувам дополнителниот заменик-министер, доколку располага со аргументи, докази, факти за моја инволвираност во незаконски дејства, да ги достави до Јавното обвинителство. Ако нема, лично ќе покренам кривична постапка против него за навреда, клевета, невистинити искажувања и навреда на моето семејство, рече денеска Милески на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.
Поради сериозноста, обвинувањата ги разгледа и Сојузот по што, јавно, преку отворено писмо, упати барање до Николовски да ги достави сите евентуални докази за инволвираноста на Милески во случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
