-->
-->
Милевски: Да го завршиме циклусот со победа
-->
Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Боби Милевски точно напладне се сретна со новинарите во х. Александар Палас и ги соопшти последните информации пред утрешниот последен квалификациски дуел со селекцијата на Шкотска.
„ Наша единствена цел е да одиграме добро, играчите да го дадат максимумот и ги извршат поставените задачи што може да ни ја донесе посакуваната победа. Не се оптеретуваме со математики бидејќи оваа генерација фудбалери го направи најголемиот успех во еден квалификациски циклус досега. Особено е импресивен учинокот на гостински терен каде сме најдобри во групата. Шкотска е незгоден противник со нов селектор и редица млади фудбалери но со многу натпревари во селекцијата до 19 години. Играчи од најсилните шкотски и англиски екипи. Затоа очекувам тешка средба но ние секогаш играме на победа така ќе биде и овојпат“.
Доколку Македонија ја совлада Шкотска а Исланд не успее да освои три бода против Украина тогаш Македонија ќе патува директно на ЕП во Полска наредната година.
„ Немаме избор сем да победиме а потоа ќе видиме што ќе се случува. Веднаш зад нас и Исланд е Франција која игра против С. Ирска и мислам дека тие треба да имаат најлесна задача како апсолутен фаворит. Затоа нашата единствена мисла е мечот со Шкотска и посакуваната победа“-дециден е Милевски.
Во тимот по пауза од еден меч се враќаат Демири, Бејтулаи и голгетерот Виктор Ангелов со што се зголемува конкуренцијата во тимот. Дефинитивно во комбинација ќе биде и Барди кој се жалеше на повреда.
Средбата се игра на Филип Втори во 18.45ч со директен пренос на ТВ Сител 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
