Милевски поднесе оставка до Владата

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ја доставил својата оставка до Владата.
Оставката, како што посочуваат од Владата за МИА, ќе биде разгледана, а потоа ќе биде информирано Собранието кое на седница треба да ја констатира.
Согласно процедурата, ќе биде предложено друго име на министерското место за локална самоуправа.
Доколку оставката на Милевски биде испратена до Собранието пред новата 86. седница, таа би можела да биде констатирана в четврток за кога е закажано ова парламентарно заседание.
Офијално се уште нема информација кој ќе го наследи Милевски, иако во јавноста веќе циркулираат одредени имиња.
Милевски, за МИА вчера изјави дека се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер. Новиот министер, според Милевски, нема да биде од редовите на пратениците.
– Се исклучува можноста тоа да биде некој од пратениците, изјави Милевски за МИА.
Милевски ќе остане претседател на ЛДП се до редовниот конгрес на партијата што треба да се одржи во декември кога ќе треба да се избере ново раководство.
Ново на Сител
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
-

Православните денес ја слават Света великомаченица Марина – позната како Огнена Марија
-

Во Собранието последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори
-

Американската армија соопшти дека извела нови воздушни напади врз Иран
-

ФИФА отвори дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето на СП
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 20 минути
