Милевски задоволен од составот на групата во Лигата на нации: Целта за нас е првото место
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во првата реакција на вечерашната жрепка за групната фаза во Лигата на нации рече дека целта на „црвено – жолтите“ е да го освојат првото место во групата Ц 4 во конкуренција на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.
„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата“, изјави Милевски.
Предводникот на македонскиот национален тим посочи дека за остварување на целта ќе биде неопходна максимална фокусираност во дуелите против сите три селекции, наведувајќи дека „во денешниот фудбал нема фаворити“.
„Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани и вистински пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања“. изјави Милевски.
Четвртото издание на Лигата на нации стартува со воведните натпревари од 5 до 7 септември, а завршното коло во групната фаза ќе се игра во ноември.
Првопласираните репрезентации во групната фаза ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето кое е на програмата од 20 до 25 март идната година.
Ново на Сител
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда