Милошоски: Димитров го испрати за амбасадор професорот кој одлучуваше за стипендијата на неговата ќерка

Пратеникот Антонио Милошоски го обвини Министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека именувањето на професорот Мишо Докмановиќ за амбасадор во Тел Авив претставува судир на интереси. Според поранешниот шеф на дипломатијата, Докмановиќ бил дел од комисијата која одлучувала за стипендијата на ќерката на Димитров за студии во Холандија.
„Имено, истиот професор Докмановиќ на 4-ти август 2017 година, со решение на министерката за образование Дескоска, бил дел од составот на Комисијата за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.
Невообичаено за администрација, комисијата се состанала веднаш, истиот ден кога е формирана и по итна постапка го разгледала и одлучила по барањето на ќерката на Димитров да ѝ биде доделена државна стипендија во висина од 40.000€ за секоја година од студиите во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.
Со одлуката за доделување на споменатата стипендија Комисијата овозможила член на семејството на министерот Димитров да оствари приватен интерес и материјална корист. Затоа постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да и' го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив.
Голема е веројатноста дека министерот Димитров како избран функционер му возвратил со давање на предност лично на професорот Докмановиќ и му овозможил повластица преку неговото предлагање за амбасадор во Тел Авив.“ – пишува меѓу Другото Милошоски на социјалните мрежи.
Утрово, Претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање рече дека над 90% од ново предложените амбасадори се дипломати со кариера кои потекнуваат од МНР.
Пендаровски вели дека се уште ја нема добиено официјалната листа од Владата но дека ги знае имињата.
-Тоа е одлука на Влада и така почнува постапката, а ние претходно од пред неколку месецви имавме со владини претставници, пред се со МНР широки консултации на таа тема. Вчера е донесена одлука и имињата за кои е донесена одлука јас ги знам, но формално не сум ја добил одлуката на Владата кога ќе ја добијам ќе ја почнам постапката од моја страна, посочи Пендаровски.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
