Милошоски: Комисијата под раководство на Адеми се претвори во комисија за Див Запад

Комисијата за европски прашања под раководство на пратеникот Арбр Адеми се претвори во комисија за Див Запад. За жал морам тоа да го констатирам, бидејќи како претседател на комисијата не ги почитува ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста.
Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред.
Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и се уште се актуелни.
Веројатно тоа не се вклопување во неговото сценарио кога треба да почне, кога треба да заврши и кој смее и кој не смее да добие збор и гледаме дека се направи поголема тензија кадешто претседателот на комисијата почна освен со вербални напади да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности кон нашите колеги и колешки, што не му доликува на ниеден човек, најмалку на претседател на комисија за европски прашања.
Сметам дека ова е уште една голема брука за Собранието, но го покажува раководењето од страна на ДУИ и СДСМ и гледаме како нивни поединци се однесуваат самоволно.
Интегрален текст од изјава за медиуми, Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
