Милошоски: Спасовски призна дека постојат двојни матични броеви, но не презел ништо
Аферата Мафија има ново продолжение а тоа е аферата Мафија 2.
Според нашите информации доставени од свиркач основано се сомневаме дека постојат личности, државјани на Македонија со двојни матични броеви од кои што поголемиот дел се фиктивни, а истите може да бидат злоупотребени за економски криминал, за двојно гласање и друг вид на злоупотреба спротивна на закон.
Имено за што станува збор?
Аналогно на ова значи МВР на Спасовски не само што издавала пасоши на меѓународни нарко босови, туку се сомневаме дека околу 20 илјади граѓани во државата имаат фиктивни, или дупли матични броеви.
Едно лице има еден матичен број, со одредена адреса на живеење. И сега ист таков матичен број се појавува и кај друго лице, со ист датум на раѓање, ист ден, месец и година, со разлика во последните 3 бројки, но со различна адреса од првата на истото лице.
Ова значи дека 20.000 наши сограѓани имаат можност да гласаат по два пати. Таков е случајот со извесен:
Исамет Метушевски од Никиштане кој што поседува два матична броја. Таков е случајот со Нехат Шаиповски роден во Чифлик, и втор матичен број овој пат на име Боја Богдановски во Шуто Оризари.
Третиот случај е Џеладин Адемовски кој според тој матичен број е роден во Чифлик и скоро идентичен матичен број под име Џадин Адемовски со адреса во Чаир.
Вчера министерот Спасовски призна дека имало луѓе со двојни матични броеви и тоа укажува дека Спасовски е свесен за оваа афера наречена “Мафија 2”.
Спасовски кажа дека ова било проблем уште од 1981 година. Но, тоа не е така бидејќи името на Џадин Адемовски од Чаир е идентитетот на Седат Пекер кој извади лична карта во јануари оваа година.
Ова потврдува за што служеле овие двојни матични броеви но, исто така потврдува дека аферата “Мафија 2” како и претходната “Мафија 1” се случува во времето на Спасовски и истиот бил известен и свесен за овие скандали.
Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи речиси 6 години. Тој со самото тоа што не превземал сериозна акција против мафијата го прави соучесник во истата.
Шест години толерирал, а можеби и содејствувал во креирањето на ваква мрежа која што користела инфраструктура на МВР за да издава двојни пасоши и двојни матични броеви.
Се сомневаме дека овие матични броеви биле злоупотребувани за перење на пари, за подигнување на кредити, за нивно злоупотребување, за фиктивно двојно гласање и за други незаконити дејствија во полза на гарнитурата од МВР која што им овозможувала двојни броеви и заштита.
Сите овие лица со двојни матични броеви гласале на избори. Сите овие 20 илјади лица ги има во избирачкиот список што значи дека ова е злоупотреба и на избирачката волја и потиснување на правото на еднаквост кај другите граѓани кои што гласаат само еднаш за разлика од овие 20 илјади кои што најверојатно гласале по два пати.
Ако има во државата макар и еден двоен матичен број тоа е многу а замислете колку многу се 20.000 двојни матични броеви и тоа ја зголемува недовербата во системот во структурите на МВР и во избирачката волја.
Спасовски и Заев биле мрежа и логистика на ваквите незаконски дејанија и затоа треба да си поднесат оставка, а министерот Спасовски испаѓа дека не се борел против мафијата туку станал нејзин најдобар другар.
Прашање: Ваш коментар во однос на наводниот нон пејпер на Јанес Јанша?
Одговор: Република Македонија е членка на НАТО и сметаме дека Северно Атланската Алијанса е гаранцијата за безбедноста на границите на секоја земја членка а другите земји членки како што се Словенија,Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, САД очекуваме да ја подржат таквата ситуација и определбата на државата за членство во Европската Унија и ние бараме од владата поактивно да лобира за време на словенечкото претседателство да се добие заслужениот датум за почеток на преговорите.
Прашање: Утрово е проведен Драги Рашовски изминатиот период коментиравте за случаите во кои што е вмешан тој. Ваш коментар за тоа?
Одговор: По однос на приведувањето на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски нашиот став е следниот. Уште пред две три години ВМРО – ДПМНЕ алармираше дека кај Рашковски има индиции за сторен криминал но бидејќи беше најдобар другар на Заев за него законот не важеше.Дали сега ќе важи ќе видиме од оваа постапка но сакам да нагласам дека Рашковски бил само генерален секретат на една институција каде што главниот шеф бил Зоран Заев и било кое незаконско дејствие на Рашковски не ја исклучува командната одговорност на премиерот Заев како надреден над генералниот секретар Рашковски и она што би било коректно од јавното обвинителство е да го повикаат Заев кој што само пред две недели во собранието на Македонија го бранеше Рашковски и кажа дека имал увид во цел предмет за набавката на софтверот за МВР и кажа дека Заев го прегледал цел предмет и смета дека истиот бил законски набавен.
Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски