Минатата година реализирани над 500 проекти во источна Македонија

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) денеска во Штип пред претставници од 11 општини, невладиниот сектор и бизнис заедницата ги презентираше годишните извештаи за спроведување на програмата за развој на ИПР и за разботењето на Центарот за развој на ИПР за 2015 година.
Координаторот на проекти во Центарот за развој на ИПР Емил Василев вели дека минатата година, а и во извештајот за спроведување на програмата за развој на ИПР се нотирани над 500 проекти.
- За прв пат годинава го испечативме извештајот за спроведување на програмата за развој на ИПР. Во оваа програма имаме раелизирано повеќе од 500 проекти. Тоа не се само проекти на Центарот за развој на ИПР, тоа се проекти и на општините, министерствата, невладините организации. Програмата ја спроведуваат сите чинители, кои што делуваат на територијата на Источен плански регион, вели Василев.
Посочи дека минатата година ја сметаат за успешна за источниот регион, а ако се направи споредба, во 2008 година овој регион беше на претпоследно место, а од пред две години е рангиран на трето место од вкупно осум плански региони.
- Како што можете да видете на територијата на Источно планскиот регион се отвараат и нови компании, се гради нова инфраструктура кои дел ги финансира државата, некои се од странски фондови, а некои се и од приватни инвеститори. Затоа и сметаме дека програмата е успешна, вели Василев.
Василев потенцира дека и во текот на оваа година во источниот регион се реализираат низа на проекти, а Центарот за развој на ИПР веќе работи на одобрените проекти од Бирото за раманомерен регионален арзвој, потоа од Швајцарската амбасада, УНДП и преку Крос бордер.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
-

Рубио изјави дека на сојузниците им треба „План Б“ доколку Иран ја држи затворена Ормуската Теснина
-

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија
-

Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
-

Муцунски до Петрова: Потребно е решение за билатералното прашање, македонскиот јазик, идентитет, култура и историја не можат да бидат предмет на разговори
-

Конференција: Жените и понатаму се одговорни за најголемиот дел од неплатените обврски за грижа, што го ограничува нивното учество на пазарот на труд
