Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на КСС се неосновани, порача Владата
Минималната плата ќе продолжи да расте, обвинувањата на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) се несериозни и неосновани, а барањата на претседателот на КСС, Благоја Ралповски да постапуваме спротивно на Законот за минимална плата се неприфатливи. Институциите се должни да го почитуваат и доследно да го спроведуваат Законот, зашто само на тој начин граѓаните и работниците ќе бидат заштитени и нема да се соочуваат со неизвесност.
Ова е реакцијата на Владата и Министерството за труд и социјална политика по денешната прес-конференција на Конфедерацијата, која изнесе барање минималната плата да биде над 16.000 денари и при нејзиното утврдување да биде изземен БДП.
– За жал КСС, во услови кога во Економско-социјалниот совет сé уште не е затворено прашањето за покачување на минималната плата, ја манипулира јавноста и ја злоупотребува можноста што им е дадена да присуствуваат на тие состаноци, се вели во реакцијата.
Се додава и дека главен приоритет на Владата и на Министерството за труд е заштита и унапредување на правата на работниците, но и на соодветен надомест за вложениот труд.
– Токму затоа од 2017 година минималната плата е покачена за шест илјади денари и ќе продолжи да расте во согласност со Законот за минимална плата. Со цел да овозможиме широк и сеопфатен дијалог, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика даваат можност на сите чинители да дадат свој придонес во дебатата за економско-социјалните прашања. КСС, иако нема утврдена репрезентативност, е дел од дијалогот што се води на Економско-социјалниот совет, но можноста за гласање ја имаат само репрезентативните претставници на работниците и на работодавачите, наведува владината прес-служба.
Во однос на колективното преговарање, Владата појаснува деја тоа е процес што се одвива помеѓу социјалните партнери потписници на колективниот договор.
– Владата секогаш дава поддршка и го охрабрува колективното договарање меѓу работодавачите и работниците, но нема законски ингеренции да влијае на тој процес, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
-

СП 2026: Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство
-

МВР: Средношколците кои ќе аплицираат за Средното полициско, не треба да се отпишуваат од училиште
-

Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро
-

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
