Министерката Царовска се сретна со францускиот амбасадор Тимоние
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека на средбата се разговарало за заедничките приоритетите што ги поврзуваат двете држави. Притоа се ставил акцент на идната соработка во областа на социјалната заштита, се размениле искуства и се изразила подготвеност за взаемна поддршка меѓу институциите на двете земји.
Една од приоритетните теми била темата за еднаквите можности со посебен фокус на обезбедување на заштита и поддршка на жените жртви на родово базирано насилство.
Притоа министерката Царовска и амбасадорот Тимоние се согласиле дека од исклучителна важност и значење е да се соработува со женските невладини организации кои обезбедуваат ваков тип на услуги.
Исто така, на средбата била изразена надеж дека соработката која што ќе се одвива во периодот што следи ќе биде соработка која што ќе го отвора европскиот пат на Република Македонија чија крајна цел е што поскоро да биде и дел од европското семејство.
Ново на Сител
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба