Министерката Дескоска им го честита меѓународниот ден на наставниците

По повод Меѓународниот ден на наставниците, 5 Октомври, министерката за образование и наука Рената Дескоска упати честитка до просветните работници во која истакнува дека тие се суштинската алка во воспитнообразовниот процес и создавањето успешни идни генерации, кои ќе продолжат да ја водат државата на патот кон развојот и севкупниот општествено-економски просперитет.
- Тимот на Министерството за образование и наука и лично јас како министерка за образование и наука, сме свесни за важноста на просветителската професија. Токму заради тоа, започнавме процес на промени кои ќе значат подобрување на општествениот статус и достоинство на луѓето кои одбрале да бидат наставници. Промените кои ќе водат кон подобро и поквалитетно образование, ќе бидат создавани и имплементирани во соработка со Вас, наведува Дескоска во честитката до наставниците.
Посочува дека изминатиот викенд наставници учествувале во првата од низа работилници наменети за измени и дополнувања на законите за основно и средно образование и дека досегашните предлози и забелешки, како и тие што подоцна ќе пристигнат, ќе бидат сериозно разгледани и вклучени во законските решенија.
- Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја заслужува успешна иднина. Затоа, се надеваме дека блиската соработка со Вас ќе продолжи и во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија за образување на младите. Сакам да искажам неизмерна благодарност до сите просветни работници за сета лична заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат иднината на оваа држава, истакнува министерката за образование по повод Меѓународниот ден на наставниците.
Ново на Сител
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
