Министерот Адеми во посета на Норвешка
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска го посети Кубен, најголемо и најпознато стручно училиште во Осло, каде се запозна со наставните планови и програми за работа на ова училиште, како и со образовните политики кои ги презема Норвешка за оспособување кадар потребен на стопанството.
Ова норвешко училиште ги донираше електротехничките кабинети во училиштето во село Прељубиште, ССОУ „Моша Пијаде“ во Тетово и ССУ „Гостивар“ во Гостивар.
- За време на посетата на Кубен, министерот Адеми го запозна раководството на училиштетот со мерките кои ги преземаат Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, за креирање кадри согласно пазарот на трудот, при што беше констатирано дека ова училиште во иднина може да биде визионерски модел за стручните училишта во Република Македонија, соопшти МОН.
Адеми, кој е во дводневна посета на Норвешка на покана на Нансен дијалог центарот, денеска имаше средба и со Кнут Волебек, поранешен комесар за национални малцинства на ОБСЕ.
- Адеми и Волебек разговараа и за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование во Република Македонија, при што и двајцата констатираа дека таа претставува преточување на македонската долгогодишна традиција на заедничко живеење во правна рамка, која претставува пример и за другите мултиетнички држави од регионот, соопшти МОН.
Министерството наведува дека Адеми денеска ќе има средби и со Хакон Бланкеборг, директор на секторот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Торе Хатрем, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Ново на Сител
-
МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
-
Претреси во струмичко, пронајдена дрога
-
Познати сите екипи кои се пласираа во следната рунда од Евролигата
-
Милер го напушта Баерн по 25 години минати во клубот
-
Мицкоски на ПС НАТО: Да се размисли за механизми со што нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната цел
-
Четири лица тешко повредени откако возило се преврте во Волково
-
Бројот на загинати во Мјанмар достигна 3.354, САД ја зголемува помошта на девет милиони долари
-
Околу 500 илјади кокошки уништени поради птичји грип во Албанија