-->
-->
Министерот Димитров на конференција во Софија
-->
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија ќе учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите-членки на Европската унија и на земјите-кандидати.
Оваа Конференцијата се одржува во рамки на ротирачкото бугарско претседавање со Советот на Европската унија. Министерот Димитров е поканет како специјален гостин да се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската унија“.
Министерот Димитров е во Софија на покана на Кристиан Вигенин, претседавач со Комисијата за европски прашања и надзор на европските фондови при Националното Собрание на Република Бугарија. м
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
