Министерот Муцунски во неколкудневна посета на Литванија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски до сабота ќе престојува во посета на Литванија на покана на неговиот литвански колега Кештутис Будрис.
Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Муцунски ќе оствари повеќе средби во литванскиот Парламент каде ќе се сретне со членовите на комисиите за надворешни работи, за ЕУ прашања и со членовите на Групата за соработка со земјите од Западен Балкан.
Во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во Европската унија и клучните регионални и европски прашања. Министерот Муцунски ќе ги претстави и економските потенцијали на земјава при посетата на Конфедерацијата на индустријалци, каде ќе оствари средба со претседателот на Конфедерацијата Видмандас Јанулевичиус. Во Министерството за економија ќе оствари средба со министерот Eдвинас Грикшас.
Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба и со македонски иселеници кои живеат и работат во Литванија.
Ова е прва посета на министерот Муцунски на Вилнус и се реализира во годината во која двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
