Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска, на покана на министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман.
Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе има одвоена средба со својот домаќин, министерот Радман. Муцунски ќе биде и гостин на посебна сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во странство, каде ќе се обрати на тема „Европската Унија по новиот изборен циклус, Европа-локално и глобално и состојби во ЈИЕ: Од македонско гледиште“.
Во фокусот на разговорите на двајцата министри ќе биде процесот на ЕУ интеграцијата, како и предизвиците на патот кон целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
Министрите Муцунски и Радман ќе разговараат и за можностите за натамошно интензивирање и унапредување на одличните односи меѓу Северна Македонија и Хрватска и продлабочување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.
Во рамки на посетата на Загреб, министерот Муцунски како член на државната делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе се вклучи во програмата на неговата прва официјална посета на Република Хрватска која се реализира на покана на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
