Министерот Мустафа во работна посета на општина Прилеп
Министерот без ресор Неждет Мустафа денеска престојуваше во работна посета на општина Прилеп каде оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Совет Никола Димески.
Министерот Мустафа, кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Прилеп, а заедно направија и увид на градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Ердован Шабановски“. Притоа најавија дека кон крајот на идниот месец улицата ќе биде асвалтирана во должина од 350 метри, а насебата Тризла ќе добие нова канализациска мрежа.
Градоначалникот Ристески посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа населба во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки и додаде дека наскоро жителите ќе добијат и нова спортска сала.
Беше посетена и детската градинка во населба „Тризла“ каде се имплементира проектот за инклузија на децата Роми во детските градинки, чија цел е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи, една година пред поаѓање во основно образование. Во последните три години бројот на деца Роми во предучилишните установи е зголемен од 20 на 30. За потребите на проектот Министерството за труд и социјална политка одобри посебни средства за работно ангажирање на 17 негователки Ромки.
Ново на Сител
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано
-
Уште три лица од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Турција
-
Српското Независно здружение на новинари побара локалните медиуми да ги избришат фотографиите и снимките од погребот во Кочани
-
ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Заменикот МНР на Грција се потпиша во книгата на жалост и изрази сочувство за трагедијата во Кочани
-
Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани
-
Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат