Министерот Попоски на 17 декември во посета на Атина
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 17 декември ќе ја посети Атина, јави дописникот на МИА.
Ова е прва билатерална посета на Попоски на Атина, а последен пат во грчкиот главен град престојуваше во април минатата година, кога учествуваше на неформалниот министерски состанок на ЕУ, Гимних, за време на грчкото претседателство со Унијата.
Коѕиас ја посети Македонија во јуни годинава, во рамки на турнејата во неколку главни градови на Западен Балкан. Тој оствари средби со државниот врв, со премиерот Никола Груевски и со министерот Попоски.
Македонија и Грција во моментов разговараат за мерки за градење доверба меѓу двете земји, кои беа договорени пред неколку месеци. По последните разговори меѓу грчки и македонски претставници, грчкото МНР соопшти дека разговорите се одржале во пријателска и конструктивна атмосфера, а се дискутирало, меѓу другото, за политички консултации меѓу двете министерства, билатерален дијалог за прашања од областа на ЕУ, соработка во рамките на ИПА 2, ТАИЕКС и Твининг програми, универзитетска соработка, поврзување, управување со границата, миграцијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
На средбата било одлучено следната рунда разговори за градењето мерки за доверба да се одржи во Скопје до крајот на годинава. Исто така, било договорено во Скопје да се одржи и прв круг на политички консултации меѓу двете министерства.
Ново на Сител
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп