Министерот Тупанчески во дводневна посета на Словенија

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Словенија.
Како што соопшти Министерството за правда, Тупанчевски денеска ќе има средба со неговата словенчка колешка Доминика Шварц Пипан, по што двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата, министерот Тупанчески ќе се сретне и со Дамијан Флорјанчич, претседател на Врховниот суд на Словенија, со Бојан Мајчен, директор на Управата на затворот и Данијела Мрхар Прелиќ, директор на Управата за пробација, информираат од Министерството за правда.
Министерот Тупанчески утре ќе го посети Врховното државно обвинителство на Словенија, каде ќе оствари средба со словечкиот државен јавен обвинител Драго Шкета.
Предвидени се и средби во Државно обвинителскиот совет и Судскиот совет на Словенија. Во рамки на посетата на Словенија, Тупанчески ќе се сретне и со министерката без ресор задолжена за дигитализација Емилија Стојменова Дух, известуваат од Министерството за правда.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
