Министерската Апостолска во работна посета на Крива Паланка

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера оствари работна посета на општина Крива Паланка, каде имаше средби со градоначалникот Борјанчо Мицевски и претставници на локалната бизнис заедница.
На средбата со градоначалникот Мицевски стана збор за можностите за зајакнување на релациите помеѓу домашните и странските компании, како и за капацитетите со кои располага локалната бизнис заедница за воспоставување на деловни релации со странски инвеститори. Од страна на градоначалникот беа претставени плановите за економски развој на општината, како и проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката, а кои се во функција на зајакнување на бизнис климата во општината.
Министерката Апостолска го информираше градоначланикот за можностите за финансиска поддршка кои произлегуваат од Планот за економски раст и кои стојат на располагање за компаниите од Крива Паланка.
Во рамки на посетата, заедно со преставник на Фондот за иновации и технолошки развој, пред кривопаланечките стопанственици се презентираа мерките за поддршка на инвестициите од трите столба на Планот за економски раст.
„Политиките на Владата за економски раст не прават разлика помеѓу домашните и странски компании, процесот на пристап до финансиската поддршка е транспрарентен и отворен, а целта е со активна поддршка на инвестицииите да се оствари повисок економски раст, повисоки плати и повеќе пари за подобар живот за граѓаните“, рече министерката Апостолска пред бизнисмените од Крива Паланка.
Осврнувајќи се на мерките од Планот за екномски раст, министерката Апостолска потенцираше дека една од целите на целокупниот концепт за стимулирање на инвестициите е домашните компании да се стимулираат да усвојуваат нови технологии во своите производствени процеси и да градат капацитети за развивање на деловни односи со странски компании, како и да почнат да размислуваат за усвојување на нови пазари надвор од Македонија.
Во рамки на работната посета на општината, министерката Апостолска заедно со градоначалникот Мицевски ја посетија и компанијата „Дема стил“, кој произведува играчки наменети за европскиот пазар.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
