Министерство за култура тврди дека не било најавено присуство на навивачка група во МНТ

Министерството за култура денеска по повод реакциите во јавноста за однесувањето на навивачката група „шверцери“ во МНТ се огласи со соопштение во кое наведува дека до дирекцијата на Театарот не било најавено присуство на таа група, туку само одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм.
-Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување два настана, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во јавноста имаше реакции откако беа објавени видеа за несоодветно однесување на навивачката група во МНТ.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
