Министерство за здравство: Четворица пациенти кои вчера се вратија од странство се во одлична состојба, денеска очекуваме уште осум

Четворица пациенти кои вчера се вратија од Шпанија се испратени дома во одлична здравствена состојба, додека едниот пациент од Атина е задржан со цел да се утврди во целост неговата состојба, информираа денеска од Министерството за здравство на денешната прес-конференција.
- Кај нас беа двајца пациенти кои беа примени уште првиот и вториот ден беа стабилни, меѓутоа се уште не бевме до крај задоволни од испитувањата кои ги правевме. Вчера беа примени четворица пациенти кои се вратија од Шпанија веднаш беа опсервирани и проверени, сите добија одредена терапија. Денеска на визита повторно ги видовме земаве и токсиколошки и лабораториски анализи повторно сите наоди се во референтни вредности, пациентите се со стабилни клинички параметри и днеска и тие четвоца и тие двајца кои на почеткот ги примивме ги испративме дома во одиична здравствена сиостојба, информира доктор Чабишев.
На прес-конференцијата беше истакнато дека опекотините на пациентот од Атина биле целосно зараснати, но по направените токсиколошки лабораториски анализи било решено да остане пациентот.
Министерот Арбер Таравари посочи дека четворица пациенти остануваат критични, но дека генерално здравствената состојба на пациентите била добра.
- Вкупно во Скопје се лекуваат 24 пациенти. Во Клинички центар седум, во стара Градска болница шест и во Градска болница 8 септември осум пациенти, во приватните клиники три. Од вкупно 24 денеска девет ќе бидат испишани, тие се во добра стабилна остојба и може да продолжат со домашно лекување. Практично утре ќе имаме 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има нови за испис вчера се вратија пациенти еден од Атина и четири од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 1 008. Денеска се најавени осум пациенти да се вратат. Двајца во Белгија, двајца во Австрија, двајца во Турција и двајца во Хрватска, практично утре ќе останеме со бројка 100, и еден пациент во Шведска е сместен во хотел, продолжува повремено да оди во болница додека го испишат и него. Имаме најави и за повеќе пациенти кои следниве денови ќе се враќат но ќе информираме за нив дополнително, рече тој.
Додаде дека генерално сите се во стабилна и добра состојба освен четворица пациенти кои беа критични. -Меѓутоа, кога велам критични денеска се малку подобро од што биле вчера, но се уште се во релатнивно тешка здравствена состојба, изјави Тараваи.
Директорката на пластична хирургија асмина Ѓоргиевска Павловска, информира дека вчера тим од клиниката бил во Кочани при што било утврдено дека има услови но нема доволно кадар.
- Видов дека има добри услови, но нема доволно кадар и материјали со тоа што заедно со Министерството ги правиме и тимовите кои би оделе таму за преврски и потребните материјали, рече таа.
Воедно испрати и апел да се внимава во однос на мелемите кои биле нудени по социјалните мрежи, бидјеќи не се знаело од какво потекло се и дали се стерилизирани.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
