Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија

Министерството за здравство попладнево информираше дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза - „сиролимус“.
-Инаку, со новиот Закон за лекови се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Исто така, покрај воведување тригодишен модел на јавна набавка како стратешка промена во 2026 година, што е од витално значење за пациентите, истовремено е проширена техничката спецификација со 12 нови лека. Со оваа нова јавна набавка, државата ја презема обврската за обезбедување 72 лека, што претставува значајно зголемување на бројот на опфатени лекови во споредба со претходните години, со што директно се зголемува и бројот на пациенти кои добиваат бесплатна и современа терапија преку Програмата на МЗ за лекување ретки болести, пишува во соопштението на Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
