Министерството за одбрана: Армиските кучиња се продаваат поради поголемиот прираст
Со оглед на интересот во јавноста за огласот за продажба на кучиња и шпекулациите кои се појавија во врска со ова прашање, а за да се разрешат сите дилеми, Министерството за одбрана ви испраќа детална информација.
–Министерството за одбрана на 28 јануари објави Јавен оглас за продажба на кучиња, кој јавно и транспарентно може да се види на веб-страницата на Министерството. Огласот е објавен во согласност со воспоставената пракса за отуѓување на кучињата кои го надминуваат бројот на потребните кучиња зa потребите на Армијата и на другите институции.
Потребата за продажба на овие кучиња е поради поголемиот прираст кој минатата година го имаше Центарот за обука и дресура на кучиња, кој е дел од Армијата на Република Северна Македонија и кој е задолжен за обезбедување на државните институции согласно нивните потреби.
Кучињата кои се огласени на продажба не се тренирани, а одлуката за нивна продажба е донесена врз основа на проценка на организационите единици задолжени за тоа.
Имено, Министерство за одбрана има природен прираст на кучиња од сопствените легла. Кучињата кои се потребни за Армијата и другите државни органи се распределуваат низ единиците или на другите институции со одлука на Владата, додека бројот на кучиња кој ги надминува потребите се објавува за продажба со јавно наддавање.
Ваков вид јавен оглас за продажба на кучиња Министерството за одбрана објавувало и претходно и зависи од прирастот и потребите на останатите државни институции. Претходниот оглас за продажба на кучиња е објавен во 2016.
Министерството за одбрана се грижи за доследно почитување на законските одредби од Законот за заштита и благосостојба на животните.
Со цел обезбедување на правилна грижа на животните кои ги продава, во договорот за купопродажба има одредба во која се задолжува купувачот да посвети потребна грижа за животното и да ги почитува одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.
Продажбата на кучињата има пред сè хуман аспект, тие да добијат соодветен дом и грижливи сопственици. Употребата на терминологијата во огласот се должи на потребата да се примени законската терминологија од чии рамки Министерството не може да излегува.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
