Министерството за одбрана ги повикува пензионираните припадници на Армијата од 2005 до 2010 година, да поднесат индивидуално барање за исправка на пензиите до ПИОМ
Со измени на Законот за служба во Армијата, предложени од пратениците Илија Николовски и Соња Мираковска, се исправи уште една неправда која се однесува на пензионираните припадници на Армијата. Процентот кој се одзема од основата за пензија за секоја година пократок пензиски стаж од 1% како што беше утврдено со Законот за служба од 2005 до 2010 година, со новите законски измени се израмнува со законското решение од 2011 до денеска и се намалува на 0,5 проценти. Тоа значи дека сите пензионирани припадници на Армијата во периодот од 2005 до 2010 година ќе земаат поголеми пензии.
Ги повикуваме сите припадници кои се пензионирале во тој период, до 10 јануари индивидуално да поднесат Барање за обновување на управна постапка за утврдување на висина на пензијата.
Постапката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, поради обемот на работа ќе трае неколку месеци, по што ќе започне исплатата на поголемите пензии. Министерството за одбрана преку групата пензионери – иницијатори ги информираше сите засегнати пензионери – поранешни припадници на Армијата, а задолжи и лице кое ќе го следи процесот за сите кои се опфатени со измените во Законот навреме да ги достават своите барања.
Ново на Сител
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија
-
Четворица загинати и тројца повредени во руски напад врз Киев
-
ДСЗИ нема утврдено недостатоци при третманот на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот
-
ТикТок објави дека од утре ќе прекине со работа во САД
-
Израелската влада го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас, стапува во сила утре