Министерството за правда побара од турски власти Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција
Министерството за правда денеска во соопштение информираше дека од надлежните власти во Турција побарале Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција се до завршувањето на постапката.
„Ве информираме дека Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција се до завршувањето на постапката. Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање.
Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција.
Во постапката треба да ги преземе следните активности:
1. Треба да ги примиме списите
2. Треба да се изготви барање за екстрадиција
3. Сите документи треба да се преведат на турски јазик (ОЈО ги преведува своите а Министерството за правда барањето за екстрадиција)
4. Се праќа по ДХЛ (претходно праќаме електронски преку ИНТЕРПОЛ)
Во однос на законската постапка за екстардиција ве информираме дека Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.
Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР – СМПС – ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница.
Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција.
Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција.
Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице.
По завршување на постапката пред странската држава се договара превземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ).
За сите активности Министерството за правда ќе ве информира навремено.
Ги замолуваме медиумите да ја проверуваат секоја информација и да не се шират дезинформации за случајот со двојното убиство“, се вели во соопштението испратено од Министерството за правда.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
