Минусни утрински температури, а сончево и до 16 степени преку денот

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во наредните два дена ќе преовладува сончево време со студени утра, а преку денот ќе биде потопло. Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела, особено претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска височина врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица.
Ново на Сител
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
-

Претреси во Велес и велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени две лица
