Македонија
1. March 2017 - 15:15

Мирен протест на земјоделците од Пелагонија

Земјоделци од Пелагонија одржаа мирен протест на влезната крстосница во Битола и порачаа македонските партии да ја отфрлат платформата на албанските партии.

Според Васко Јосифовски земјоделец од општина Могила, блокадите со трактори ќе продолжат и ќе се одвиваат се додека не биде повлечена албанската платформа.

- Изразуваме поддршка на македонските патриоти кои застанаа во одбрана на татковината од албанската платформа и како земјоделци сметаме дека треба да дадеме придонес за унитарноста на Македонија. Доколку има потреба ние секојдневно ќе ги блокираме патиштата, рече Васко Јосифовски земјоделец од селото Трновци.

На мирниот протест учествуваа земјоделци од села кои гравитираат кон општините Могила и Битола.