Мисајловски: Македонската историја не може да ја измени никој, Гоце Делчев е Македонец
Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, Владо Мисајловски кој се осврна на лошите политики на Владата во однос на Ковид пандемијата, распродажбата на националните интереси, како и на други политички теми кои се актуелни во изминатиот период.
Според Мисајловски, бугарските политичари можат да кажуваат што сакаат за нивната историја, но не и за македонската историја. Националните интереси не се мала работа, ниту пак е нешто што може да се занемари, едноставно не смее да се попушта за такви прашања.
“Бугарските политичари велат дека Гоце Делчев бил Бугарин. Тоа не само што не е вистина, туку таквото размислување е повеќе од комично. Гоце Делчев е Македонец. Роден како Македонец и загинал како Македонец и точка. Тука нема што повеќе да се додаде. За револуциониери од калибарот на Делчев, Карев, Питу Гули и сите други, никој не смее ниту да разговара, ниту да преговара, ниту да донесува било какви одлуки. Сите тие се Македонци и ништо друго”, вели Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е бедемот на македонизмот и браникот кој секогаш ќе се бори за зачувување на македонската историја. Ниту една Влада, ниту еден политичар нема право да се меша во тие работи. Доволно е што самите револуционери живееле и загинале за Македонија. Тоа е доволен доказ за тоа дека биле горди Македонци, кои ниту својот живот не го жалеле за слобода на својата земја Република Македонија.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата