Мисајловски: МНР треба да ги штити македонските национални интереси
Миистерството за надворешни работи (МНР) треба да ги штити македонските национални интереси каде едно време јас работев, а сега гледаме дека неколку дена се скриени и немаат одговор за главните прашања за Македонецот, немаат договор за македонскиот идентитет, за македонската историја токму така како што кажавте изгледа кичмата ја наведнаа, рече денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на протестот пред МНР организиран од таа партија под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.
– Дали гледате дека некоја бугарска телевизија и медиум треба да дојде за да сфатиме сите што Зоран Заев преговара зошто македонските медиуми не може да дознаат. Гледаме дека целата влада е скриена , скриени се и не коментираат за овие прашања зошто е оставено се на Зоран Заев да распродава, рече Мисајловски во своето обраќање.
Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на протестот пред МНР побара оставка од Зоран Заев и масовно блокирање на улиците и институциите низ земјава.
– Порачуваме оставка за оваа ненародна власт, оставка за оваа патлиџан надворешна политика, оставка за сите предавства коишто се правеа и коишто се на ум да ги направат, нагласи Јорданов.
Протестот продолжи пред Владата, од каде пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјановска Давкова порача дека граѓаните денес излегле на протест бидејќи на земјава, како што рече, и се заканува смртоносен вирус.
– Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев, рече Силјановска Давкова, додавајќи дека е срамота тоа што го говори владата и Заев.
Ново на Сител
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет