Мисајловски: Обновата доаѓа насекаде во Македонија, граѓаните заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува

„Денеска имаме една убава прилика и можност да сме во Бутел.
Доста граѓани дојдоа на оваа средба што мене навистина ми е драго да разговараме за обновата што доаѓа, за исте мерки кои ВМРО-ДПМНЕ планира да ги стави во програмата која набрзо ќе излезе и ќе ги опфати сите категории на граѓани, односно во сите сфери на општеството ќе биде таа програма присутна.
Драго ми е што доста непартиски луѓе дојдоа тука, луѓе кои што навистина си ги кажаа своите маки, дадоа критики, но и дадоа многу убави сугестии и ни дадоа ветер во грб како да продолжиме понатака.
Обновата доаѓа насекаде во Македонија, добро е овие средби што ги правиме се почесто, раководството на ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен и ќе продолжи да биде на терен. Набрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата Влада, набрзо народот нека биде подготвен да се приклучи целосно кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи крајната цел е да ја обновиме Македонија и да направиме силна и просперитетна држава.
Се ова што го правиме на терен нека биде лекција за сите нас дека има доста граѓани кои што имаат свои проблеми и треба тие проблеми да им ги решиме. Партиите се за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане народна партија, ие ќе продолжиме на терен, ние ќе продолжиме да се гледаме со сите луѓе. Се разбира и со луѓе од партијата, но и со многу луѓе кои што доаѓаат непосредно да се приближат.
Ќе бидат отворени овие средби за секој еден да дојде да го каже своето мислење, а се разбира тоа ние утре да го направиме, Тој проблем нивни или сугестија да го направиме подобро нешто, односно да ги решиме тие проблеми. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е бренд, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со работа на терен, затоа што граѓаните на Република Македонија заслужуваат многу проекти, заслужуваат подобра иднина, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го ветува.“ - Изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
