Мишел: ЕУ е подготвена да му помогне на Мароко по катастрофалниот земјотрес

Европската Унија е подготвена да го поддржи Мароко по смртоносниот земјотрес во кој загинаа најмалку 296 лица, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување“, напиша Мишел на платформата Х, поранешен Твитер.
„Вестите за земјотресот се застрашувачки. ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки времиња“, објави Мишел. Коментарите на Мишел дојдоа од индискиот главен град Њу Делхи, каде што тој учествува на Самитот на Г20.
Силен земјотрес го погоди Мароко доцна синоќа, а според прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни работи, загинаа најмалку 296 лица, а 153 се повредени.
Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во областа Игил со јачина од 7,2 степени. Американскиот геолошки институт ја процени јачината на земјотресот на 6,8 степени и соопшти дека е на релативно мала длабочина од 18,5 километри.
Игил, планинска област со мали земјоделски села, се наоѓа на околу 70 километри југозападно од Маракеш. Земјотресот се случил нешто по 23 часот по локално време.
Локален функционер изјави дека најголем дел од смртните случаи се случиле во планинските области до кои е тешко достапни.
Ново на Сител
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
-

Десетици илјади граѓани оствариле влез и излез од државата на ГП „Богородица", во последните 24 часа
-

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи
-

Километарски колони од возила упатени кон границата со Грција го блокираа сообраќајот во Стар Дојран
-

Несреќа во тетовско: Мајка со две малолетни деца излетала од патот со четирицикл
-

Уапсен 36-годишен Косовец, со „мерцедес“ летал 220 км/ч на автопатот кај Гевгелија
-

Инцидент кај Куклица: Уапсена 41-годишна жена од Кратово поради напад врз посетители
