Мишел тврди дека ситуацијата во Газа е страшна, Фон дер Лајен дека долгорочно треба да се вложува во моделот за две држави

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека хуманитарните напори за Појасот Газа се краткорочни чекори и дека долгорочно треба да се вложува во моделот за две држави, пренесува Aнадолија.
Фон дер Лејен се обрати на „Меѓународната хуманитарна конференција за Газа“ што се одржа во Париз на покана на францускиот претседател Емануел Макрон. Oсврнувајќи се на напорите на Европската унија да достави помош до Газа преку Египет и да воспостави хуманитарен коридор од морето, Фон дер Лајен појасни дека тоа се само краткорочни чекори.
Таа нагласи дека „од клучно значење е да се инвестира во решение за две држави заедно со регионалните и меѓународните партнери“.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во своето обраќање истакна дека не може да има „двојни стандарди“ во пристапот кон израелско-палестинското прашање.
Тој додаде дека Израел треба да го искористи своето право да се брани во рамките на меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.
„Можеме да видиме дека хуманитарната ситуација во Газа е страшна“, нагласи Мишел, повикувајќи на хуманитарна пауза во конфликтите и воспоставување хуманитарни коридори.
Тој, исто така, ја повтори поддршката на Европската унија за земјите од регионот како Египет и Јордан.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
