Ракомет
17. September 2018 - 18:09

Мишевска се сели во Чешка

Доскорешната ракометарка на германскиот Висмар, Стефанија Мишевска, во новата сезона ќе настапува за нов тим. Станува збор за чешката екипа Бањик Мост, во која пред две сезони играше уште македонска интернационалка, Ивана Гакидова.

Мишевска потпиша тригодишен договор и ќе игра за чешкиот тим во две меѓународни натпреварувања, Купот на ЕХФ и регионална МОЛ лига со екипи од Чешка и Словачка, што е налик на СЕХА лигата.

Кружниот напаѓач потекнува од тимот на Ѓорче Петров, а во кариерата беше дел и од Вардар Јуниор, со кој играше во Челинџ Купот.

foto i tekst: gol.mk