-->
-->
Мистерија на свадба: Заминале на спиење и починале во кревет
-->
Мистериозната смрт на свадбата на своите пријатели во ресторанот Милена близина на Пореч го шокираше регионот, а посебно сопственикот на угостителскиот објект, соседите, роднините, пријателите...
- Беше сабота. Дваесет пријатели дојдоа да ја прослават првата брачна ноќ. Веселбата траеше до раните утрински часови, - изјавил синот на сопственикот на ресторанот.
- Десетмина од нив ја минале ноќта на под, некои пак биле навистина „весели“. Во една од гостинските соби на таванот се сместиле Патрик Б. (27) и неговата девојка Лара М. (22). Двајцата биле вработени во објектот на компанијата Млинар, каде сите ги кажуваат како вредни и примерни работници. Во неделата наутро, пред девет часот сите ги чекаа Патрик и Лара на доручек, но откако подолго време не се симнаа, пријателите отидоа да ги повикаат. Кога влегоа во собата на креветот здогледаа две безживотни тела, а веднаш потоа повикаа Брза помош и полиција. Но, за жал момчето и девојката веќе беа починати.
Според неофицијални информации, на нивните тела немало траги од насилство. Ниту пак во собата нема траги или пак знаци на борба или нешто слично.
Истрагата траела од пладне до вечер, а ја предводел заменик - обвинителот Еди Путиг кој наредил обдукција на телата.
- Се сомневаме на кривично дело. За кое дело станува збор, ќе дознаеме после обдукцијата и собирање на дополнителни докази, изјавил Путиг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија
-
Уставен одлучи да поведе постапка за постапувањето на операторите со податоците на претплатниците
-
Иљази исплаќала пари на лица што не работеле на Токсикологија - поднесено обвинение
-
Пронајдена муниција и модели од автоматски оружја кај дилер од Битола
-
Украл женска ташна, приведен крадец од велешко
-
Ѓорѓиевски: Почнуваат бесплатните логопедски третмани во Кисела Вода
-
Ристески: Приоритет ќе ни биде да ги вратиме младите
-
Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата