Митева: СДСМ и Царовска создадоа хаос во образованието
Наместо МОН да претставува извор на вистинити податоци, ние сме сведоци дека тоа претставува институција која ревносно се труди да ги сокрие недостатоците. Од самиот почеток до денес. Преку националната платформа која ја презентираа како успешна, до бројот на ученици кои не следат онлајн настава, па до бројот на средношколци кои деновиве бојкотираат.
Еден нерешен проблем раѓа 100 нови, и свесни сме дека денешните актуелни случувања се само резултат на низа ваши неуспешни политики во образованието. Не видовме никаква одговорност за неуспешната онлајн настава, учениците кои немаат услови за следење на истата се оставени сами на себе, и за ова нема ниту помош од државата ниту одговорност. Скандалозната концепција за основно образование се уште се обидуваат да ја протуркаат на сила. Но, по се изгледа дека желбата за фотографирање е поголема од се, па денешното поставување на заштитни проѕирни паравани треба да го проследиме како успех од невидени размери во образованието.
Истражувањата кои ги спроведуваат младинските образовни организации покажуваат големо незадоволство од начинот на кои се одвива наставата оваа година, па согласно тоа и барањата на Сојузот на средношколци се логични, издржани и аргументирани.
Ученици, имате наша поддршка. Вие не заборавате дека министерката Царовска ви вети скратени програми за полагање матурски испит. Но, за волја на вистината од испитната програма предмети со скратени програми скоро и да нема. Од една страна декларира потреба од реформи за стекнување знаења на европско ниво, а всушност одобрува полагање на матура со ниско ниво на знаења.
Прашајте ги дали ова е нивното зборот е збор? И запрашајте се вие, можат ли уште полошо?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени