Митева: СДСМ и ДУИ да понесат одговорност наместо да ги штитат фирмите
Продолжуваме јавно да бараме одговори од власта која за автобуската несреќа во која 45 наши сограѓани ги загубија своите животи се уште нема никаква одговорност. Повторно ги слушаме старите добро познати оправдувања, да почекаме истрагата да заврши.
Помеѓу добро познатата тактика на СДСМ и ДУИ е и префрлувањето на одговорноста од една на друга институција, на крај луѓето на СДСМ вината ја побараа во луѓето само не во нив. Контрадикторни изјави, неспособност и корупција станаа обележје на нивното функционирање. Власта треба да даде одговор кој ја зборува вистината, дали сопственикот на Беса транс кој вели дека не се враќал во Македонија по несреќата или министерот Спасовски кој во петокот одговори дека сопствениците „се достапни и тука“? Власта треба да одговори дали е вистина дека автобусот фабрички е наменет за превоз на 49 патници и како таков е увезен и возилото првично е регистрирано на прилепски таблици, за по неколку дена автобусот да е препродаден и пререгистриран на скопски регистарски таблички? Дали само после неколку месеци во сообраќајната дозвола намената односно носивоста му пораснала на 54 патници односно на повеќе од 10% над фабрички утврденото? Кој имал направено хомологација - атест и го одобрил тоа? Дали поради оваа сомнителна промена автобусот не можел да добие соодветна лиценца за меѓународен транспорт?
Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс? Согласно законските прописи, согласно член 353-в од Кривичниот законик за несовесно работење во службата треба да се сноси одговорност. Дали директорот Хусеини штити и други фирми превозници? Дали е вистина дека во Гостивар 7 години не се унапредени луѓе кои исполнуваат услови за инспектори, а се држат на ниски позиции само за да нема кој да ги реализира инспекциите во фирмите?
Власта треба да одговори, а потоа неопходно е да понесе одговорност. Да понесе одговорност за сите неправилности, за сите пропусти кои се резултат на неспособноста да се справат со сите предизвици и да ги ослободат институциите да функционираат согласно нормите и прописите и истите да се почитуваат во целост.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
