Митева: Заев ветува инвестициски пакети кои нема никогаш да ги реализира
Зоран Заев вчера промовираше нов пакет со стари лаги зголемен за уште милијарди евра инвестиции кои по правило остануваат на хартија.
Исто како и во 2019 година кога Заев проектираше ист ваков лажен пакет инвестиции вреден 5 милијарди евра, пак ги ветуваше истите патишта, истите, енергетски проекти, болници, клинички центар, училишта, водоводи, прочистителни станици, железници. Но, во реалноста од овие работи има едно големо НИШТО поради неспособноста и неработењето.
Ги потрошија историски најголемите буџети во Македонија и ја задолжија државата со нов долг, а не направија никакви капитални инвестиции.
Реализацијата на капитални инвестиции од почетокот на оваа година заклучно со месец мај изнесуваат само 22%, што значи дека и оваа година е уште една во низата на промашени години со катастрофално ниска реализација на проекти.
Ова значи дека сите ветувања на Заев за инвестиции во инфраструктурата му се како лажното ветување дека ќе изгради 500 километри нов автопат.
За да се обиде да биде поубедлив во лагите, Заев вчера почна да се расфрла со странски инвестиции и јавно-приватни партнерства, исто како што пред неколку години ги ветуваше инвестициите на Гугл, Фејсбук и Фолксваген. Патем изминатите години Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот.
Минатата 2020 година ја завршивме со 239 милиони евра, за разлика од Албанија и Србија кои имаат 4, односно 10 пати повеќе инвестиции од нас. И кај нас и кај нив беше криза, само што кај нас имаме неспособна и корумпирана власт поради која сите не избегнуваат.
Состојбата беше слична и во 2019-та година, кога имавме 360 милиони евра СДИ, а Албанија и Србија имаа 4, односно 13 пати повеќе инвестиции. Причината е јасна, никој не сака да инвестира во земја која е најкорумпирана во Европа и која ја води најкорумпираната влада.
Народот гледа и знае дека ова што Заев го ветува не може да го исполни, туку само ја замајува јавноста со милијарди евра, со инвестициски пакети и слични лаги, само за да дефокусира од криминалните и корупциски афери кои се врзуваат за него и неговата влада.
Тој покажа дека единствено што може од милијарди е да го покачи долгот на државата и да „стопи“ буџетски пари, а ништо да не направи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
