-->
-->
Митровден го собира семејството дома - обичаи и верувања
-->

Св. великомаченик Димитриј - Митровден се празнува во вторник. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра...
Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.
Заовој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Совети за долготрајност на батеријата кај паметните телефони
-
Британските власти работат на побрзи одобренија за лабораториски произведена храна
-
Анчелоти го пофали Мбапе за голот против Рајо Ваљекано
-
Русија протерала двајца британски дипломати под обвинение за шпионирање
-
Далас со само седум кошаркари го заврши натпреварот со Феникс, повредите продолжуваат да ги мачат Маверикс
-
Мицотакис веројатно ќе направи реконструкција на Владата во следните денови
-
Почина Милан Кубин - еден од најдобрите македонски кик боксери
-
Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти