Мизрахи: Се изградија модуларни болници кои се суспектни по квалитетот
„Пред се би сакала да обрнеме внимание на моментот на морбидниот настан од минатата недела во која што животот го загубија 14 лица. Тие не го загубија животот како резултат на борба со КОВИД, туку го загубија животот како резултат на немарност и на неодговорност, неодговорно работење, деструктивно до некаде работење на министерството за здравство во однос на министерот за здравство“, истакна Рашела Мизрахи,пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Мизрахи потсети дека во текот на минатата година во Собранието и по медиумите се говореше за еден заем од Светска Банка во вредност од 90 милиони евра.
„Од тие 90 милиони евра, 30 милиони евра беа наменски за министерството за здравство односно за КОВИД услугите кои што треба да ги пружа министерството за здравство, и околу 55 милиони евра беа за труд и социјала. Од тие 30 милиони како и останатите 55 милиони евра, сите тие средства дојдоа до министерството за труд и социјална политика, односно по потписот на министерката Шахпаска. Преку проектната единица требаше 30 милиони да се исплатат на здравство согласно спецификацијата дадена од министерот Венко Филипче. Онаа спецификација која што ниеден медиум не ја прикажува деновиве, бидејќи ја немаат. Таа спецификација се крие, на тоа какви материјали, какви услови, какви услуги, какви медикамент требаше да се набават преку тој заем од Светска Банка“, рече Мизрахи.
Мизрахи посочи дека заемот дојде и си помина, парите не се знае каде се, но очигледно е дека се изградија модуларни болници кои што се суспектни по квалитетот, и тоа се прикажа со тажен настан.
„Да се избегнува одговорност за ваков настан после целото тоа узурпирање на медиумите со 90 милиони бидејќи константно медиумите се преоптоварени со суми, а не со одговорност и последици. Во овој момент во Република Македонија имаме над 6.000 жртви од КОВИД. Јас не велам дека Филипче и Заев се причинители за инфекцијата, туку контролата и санацијата на повредите од самиот вирус е нивна одговорност, тие се власт“, нагласи Мизрахи.
Мизрахи додаде дека не треба да се бега од одговорност по овој немил настан во Тетово. Филипче требаше веднаш по настанот да си даде оставка и да си замине од функцијата.
„Истиот ден кога се бараше да се разговара во Собрание за настаните во Тетово не беше ставена на дневен ред да се разговара за одлуката, меѓутоа во областа на здравството се стави да се дискутира за Закон за лекови за кој сите пратеници од власта гласаа „за“ затоа што во него има член кој легализира марихуана, Мизрахи.
Таа истакна дека парите на премиерот и на одредени извршни играчи во извршната власт се побитни отколку 14 животи чии семејства плачат.
Мизрахи посочи дека покрај тоа што Заев одбива да ја поднесе оставката на Филипче во Собрание, Џафери одби да разговара и за поднесеното барање на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на министерот за здравство.
Ние поднесовме одлука за разрешување на Венко Филипче, но Џафери одби да се разговара за истата
„Не може да дискутираме за држава кога се нема одговорност. Според деловникот на Собранието, член 219 и член 220 каде се вели дека владата, претседателот на владата или член на владата може да поднесат оставка. Оставката на член на владата до Собранието се поднесува преку претседателот на владата, но таа не е поднесена. Само диктатор може да реши како ќе постапува за поднесена оставка и да оди против уставот и деловникот на собранието, мандатот на министрите го дава Собранието“, потенцираше Мизрахи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното