Мизрахи: Сместување и парична помош за семејството чии деца загинаа во пожарот во Шуто Оризари
Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи попладнево беше во посета на опожарената куќа во Шуто Оризари и на семејството чиишто малолетни деца загинаа во пожарот. Како што се наведува во соопштението од МТСП, Мизрахи изразила сочуство до семејството и им понудила сместување и еднократна парична помош.
-Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител сочуствувам со големата болка што ја почувствуваа денеска нивните родители.Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен. Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадминлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед, посочува министерката Мизрахи.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов