Свет
8. March 2022 - 13:05

Млад украински кошаркар загина во војната, најголема желба му била да игра во НБА

Во Украина според „Киев Индепендент“, млад деветнаесетгодишен украински кошаркар Бохдан Попова го загубил животот бранејќи ја својата татковина.

Попова играше во јуниорска конкуренција, а имаше просек од 13 поени и 19 скока по натпревар.

Како што пишуваат тамошните медиуми тој имал желба да игра во НБА-лига.

Овој млад кошаркар имал просек од 13 поени и 19 скока по натпревар, сонот кон најсилното светско клупско натпреварување сакал да го почне во НЦАА-лигата.