Османи го потврди тоа што го демантираа пред избори: Од Косово и Албанија стигаат учители за албански јазик
Не само пред изборите во 2016 година, туку цела година претходно ВМРО ДПМНЕ и низа медиуми, новинари, експерти и интелектуалци предупредуваа дека донесувањето на законот за двојазичност од корен ќе ја смени етничката карта на Македонија, нејзиниот културен баланс и традиционалните вредности. Дека ќе има доселувања од Косово и Албанија во централниот и југоисточниот дел од државата, орворање над 100.000 работни места за Албанци за да се задоволат потребите на законот. Но, и од страна на СДСМ и нивните приврзаници, како и од ДУИ сето тоа беше квалификувано како ксенофобија и пропаганда. Неполни две години потоа, пропагандата стана сурова реалност, па и посурова од она што се најавуваше тогаш.
Јавната администрација во Македонија ќе се обучува на албански јазик, ова го потврди Бујар Осамни, вицепремиер за евроинтеграции во Владата на Македонија, и дека за обучување на албански јазик очекува помош од Косово и од Албанија.
Османи очигледно не го интересира колку ќе ги чини граѓаните на Македонија донесувањето на Законот за јазиците, со оглед на тоа што не знае колкави се финансиските импликации кои очигледно ќе ги има применувањето на овој Закон. Од друга страна првите пресметки се дека околу 1,7 милиони евра годишно ќе се трошат од буџетот само за обука на вработените во државната администрација, или за период од потребните 5 години, тоа се 8,5 милиони евра кои ќе завршат кај учителите по албански, во голем дел од Косово и Албанија. Другите трошоци: нова докумнетација, информативни табли, средства за комуникација... не се пресметани во трошоците. Вкупно 130 илјади административци треба да се подготват за обуки на албански јазик, што значи дека секој вработен во јавниот сектор ќе мора да знае албански, или да се соочи со отказ.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата