Македонија
20. December 2018 - 10:11

Млад возач тешко повреден, изгуби контрола на камионот и удри во ограда на автопатот Велес - Скопје

Вчера околу 17.30 часoт на автопатот Велес - Скопје, после наплатна станица „Отовица“, Д.В.(27) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во ограда.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Д.В. е пренесен во Општа болница Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот.