-->
-->
Младите македонски кошаркарки повторно поразени од Израел
-->
Младата кадетска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 16 години го запишаа и вториот пораз во дуелите против соодветната селекција на Израел.
За разлика од првиот дуел во кој беа порамноправен противник овојпат избраничките на Стојна Вангеловска на Израелките им парираа само во првиот приод кога имаа и во неколку наврати предност, но гостинките четвртината ја добија со 20-19. Во втората четвртина Израел направи дополнителна предност од 11 поени откако го доби периодот со 16-5, за водство на полувремето од 36-24. Третиот период мина во релативно изедначена игра, но и тој им припадна на гостинките со 17-15, а во четвртиот само да ја зголемат предноста (23-15), па на прајот да слават победа со конечни 76:54.
Тијана Митрева со 20 и Матеа Николиќ со 13 поени повторно беа двете најефикасни кошаркарки во нашата репрезентација.
Утре, нашите кадетки ќе имаат ден за одмор бидејќи на програмата е дуелот меѓу Израел и Бугарија селекција против која македонските млади кошаркарки ќе играат во понеделник кога ќе биде заокружен овој мини турнир.
Овие пријателски натпревари се дел од подготовките за Европското првенство (Дивизија Б) кое од 17 до 26 август ќе се одржува во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество