Младо момче се удави во Претор откако се превртела педалинка

Во Претор доцна попладнево се удавил капач. Според очевидци станува збор за млад капач од Ресен, објави Нова Македонија.
До давeњето дошло откако три млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.
Моментно капачи се обидуваат со мрежи да гo извлечат удавеното дете од езерото.
Нуркачите трагаат по удавениот капач во Претор.
Доцна попладнево во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои стигнале од Охрид, но прашање е дали тие вечерва ќе можат да ја продолжат потрагата по удавеното дете.
Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
