Македонија
19. May 2021 - 17:14

Младо момче загина на лице место при извршување работни задачи во гевгелиско

Вчера околу 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во с.Николиќ, гевгелиско, додека извршувал работни задачи во фирма каде бил вработен, Б.Н.(27) се здобил со повреди и починал на местото, соопштија од МВР.

Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.