-->
-->
Младо момче заврши итно на Ургентно во Скопје
-->

Во 20 часот синоќа во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болица „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека од страна на Итна медицинска помош бил донесен кај нив 19-годишниот М.Ј. од селото Црешево, скопско.
Лицето било прободено со остар предмет во левата потколеница.
Во разговор со полициски службеници, М.Ј. изјавил дека бил физички нападнат од неколку непознати лица.
Откако напаѓачите се оддалечиле во непознат правец, забележал дека бил прободен во пределот на ногата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
