-->
-->
ММФ одобри кредит од 5,3 милијарди долари за Ирак
-->

Меѓународниот монетарен фонд одобри кредитна линија од 5,3 милијарди долари за Ирак, земја - погодена од падот на цената на нафтата и од конфликтите со Исламска држава.
- Ирачките власти итно ќе добијат заем од 634 милиони долари и ќе треба да спроведат економски реформи за да ги добијат останатите транши од тригодишниот план, се посочува во соопштението на ММФ.
ИД контролира дел од ирачката територија и презеде одговорност за низа напади, вклучително и за нападот во неделата во Багдад, при што загинаа приближно 300 луѓе.
Во јули 2015 година ММФ одобри заем од 1,2 милијарди долари за стабилизирање на јавните финансии на Ирак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
