МНР: Бугарскиот конзул немал право да присуствува на увидот на Комисијата за спречување дискриминација
Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, Димитар Иванов, немал право да биде присутен за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, согласно Конвенцијата за конзуларни работи, бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата, соопшти попладнево Министрерството за надворешни работи.
Како што се наведува во соопштението, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го следи и нотира ангажманот преземен од страна на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во врска со евентуалните наводи за извршена дискриминација во случајот со здружението Иван Михајлов од Битола.
Цврста заложба на Министерството, се посочува, е сите вакви и слични примери да се решаваат институционално, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија, при што ги охрабруваме сите физички и правни лица да ги искористат овие правни инструменти и механизми, во докажувањето на овие евентуални или било кои примери на дискриминација.
-Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, г-дин Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата. Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија, стои во соопштението.
Министерството укажува и на обврската на институциите да пристапуваат професионално и објективно кон ваквите претставки и предмети.
– Министерството укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти, се вели во соопштението.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска соопшти дека присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ вчера во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го известиле и МНР. Од КСЗД, посочуваат дека увидот е по поднесена претставка за дискриминација од здружение на граѓани против Културниот центар „Иван Михајлов“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево