МНР демантира дека Димитров дал оставка
Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение најостро ги осудува, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи Никола Димитров, дал оставка.
- Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, стои во демантот.
Воедно, од МНР бараат одговорност за овој како што го оценуваат „груб фалсификат“.
- Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина, се наведува во демантот од МНР.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!